Macedonio
por Igor Popovski
Кредо
Верувам во Животот, Мајка Седржителка,
создателка на небесата и на Земјата.
Верувам во Човекот, напредниот Син
зачнат во горешта еволуција,
кој ита и покрај сите Пилати
и творци на угнетувачки догми
за Животот да го потиснат и погребаат.
Но Животот секогаш воскреснува
и Човекот и натаму кон утрешнината врви.
Верувам во хоризонтите на духот
космичка енергија на светот што е.
Верувам во Човештвото што се воздига.
Верувам во Животот истраен. Амин.